Убави вести од „Градски Парк“: Телекомуникациски гигант од Србија влегува во КК Работнички!

1 min read

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички многу веројатно застанува на здрави нозе, откако се официјализира долгогодишна соработка со „Мтел“, телекомуникацискиот гигнат од Србија.

Работнички е во неколкусезонски пост на домашната сцена, а сега најтрофејниот македонски кошаркарски клуб добива сериозен спонзор и ќе се обиде да се врати на победничките патеки. Како што потврдија од клубот потписот на соработката ќе се случи утре.

„Договорот ќе биде потпишан на 8 октомври 2022 (сабота) во 12:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје меѓу извршниот директор на Мтел, г-динот Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје, г-динот Горан Веселиновски. На настанот е предвидено присуство и обраќање на генералниот директор на Телеком Србија, г-динот Владимир Лукиќ, на претседателот на Владата, г-динот Димитар Ковачевски и градоначалникот на општина Центар, г-динот Горан Герасимовски“, пишува во клупското известување.

Освен тоа на прес-конференцијата ќе бидат и откриени детали за соработката.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши протестот против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Следно

Најдобрата есенска торта: Чизкејк со костени

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian