Општина Кисела Вода ќе им помага на жителите во надминувањето на економската криза

2 mins read

Општина Кисела Вода започнува проект „Грижа и сигурност за секое дете“.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на официјалната Фејсбук страница ги објави мерките со кои Општината ќе помага на граѓаните во справувањето со економската криза. Тој наведе и какви чекори се преземени за поддршка на најмладата популација во Општината. 

-Обезбедивме бесплатни курсеви за странски јазици, информатика и спорт за повеќе од 50 дечиња од прво до деветто одделение од социјално загрозени семејства. Дополнително, со ,,Грижа и сигурност за секое дете”, проект кој го започнуваме во неделата посветена на детето и ќе трае во текот на целата година, овозможуваме и ослободување од партиципација за трошоците за згрижување во јавните детски градинки на евидентираните дечиња од социјален ризик, за што ќе се искористат средства од Буџетот на општината, како и субвенционирање на дел од цената за месечниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до трето одделение во основните општински училишта – напиша Ѓорѓиевски.

Тој потпиша меморандуми со повеќе компании кои функционираат на територија на општината и со тоа официјално го отвори проектот  „Грижа и сигурност за секое дете“.

Градоначалникот се заблагодари на сите компании кои, како што рече, ја покажале својата општествена одговорност и станале партнер на општината во настојувањето да се помогне на посиромашните семејства кои се најпогодени во овој тежок, кризен период.

-Како локална самоуправа, презедовме низа мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет и да им овозможиме некаква сигурност и ублажување на сиромаштијата со која живеат сѐ поголем број на семејства во Македонија.  Симболично, во неделата посветена на детето го започнуваме и денешниот проект со кој овозожуваме еднакви услови за искористување потенцијалот на сите деца, без разлика на нивната финансика положба. Влогот во најмладите е наша директна инвестиција во иднината! – истакна Ѓорѓиевски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Вучиќ му одговори на Пленковиќ: Вие ја казнувате Србија или Русија?

Следно

Зголемени и извозот и увозот

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian