Меси: Не сакам да бидам тренер, но видовме што се слчи со Зидан

1 min read

Лионел Меси даде големо интервју за „ЕСПН“ кое го водеше новинарот Себастијан Вињоло, во тоа интервју Меси најави дека Мундијалот во Катар ќе биде негов последен во кариерата.

Аргентинецот има 35 години, па разбирливо беше да се постави и прашањето дали веќе има планови што ќе прави по завршувањето на кариерата. Засега Аргентинецот смета дека нема да се впушти во тренерските води, сепак не вратата не ја затвара целосно.

„Се уште не сум одлучил што сакам, но знам што не сакам. Не сакам да бидам тренер по завршувањето кариера, но никогаш не вели никогаш во фудбалот. Видовме што се случи со Зидан, исто така изјави дека дека кога ќе се пензионира нема да биде тренер, а потоа со Реал Мадрид освои три трофеи во Лигата на шампионите“, изјави Меси.

Спортски директор во некој клуб е позиција на која Аргентинецот може да се замисли.

„Од оваа перспектива, јас повеќе се гледам себеси како спортски директор, како поддршка од позадина за играчите, за тренерите, но сепак не сум комплетно сигурен што би сакал да правам по крајот на кариерата“, истакна фудбалерот на ПСЖ.

Во фокусот на Меси сега секако е Мундијалот каде што ќе се обиде во својата последна шанса да стигне до толку посакуваниот трофеј во дресот на „Гаучосите“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зголемени и извозот и увозот

Следно

„Симбол на моќ и статус“: Сѐ повеќе мажи носат високи потпетици

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian