Допрва Италија ќе ја боли поразот во Палермо: Следи тежок месец за секој Италијанец

1 min read

За нешто повеќе од еден месец ќе се игра најголемиот фудбалски настан. Светското првенство во Катар стартува на 20. ноември, а ќе се игра до 18. декември.

Една од најголемите и најуспешни светски селекции, Италија вторпат во низа ќе пропушти Мундијал, а овој пат причината што нема да настапат е Македонија. Сите добро се сеќаваме на натпреварот во Палермо каде што херој во нашиот триумф беше Александар Трајковски.

Натпреварот во Палермо не го забораваат и Италијанците, а месецот кој следи за нив ќе биде и тоа како тежок. Ова го призна селекторот на „Аѕурите“ Роберто Манчини.

„Месецот кој следи нема да биде лесен за ниту еден Италијанец. Тешко е да гледате второ Светско првенство на кое нема да игра Италија, посебно тешко ќе ни биде на мене и на стручниот штаб. На секој Италијанец ќе му олесни кога ќе се заврши Светското првенство, лично за мене ќе ми биде најтешко да го гледам на ТВ“, изјави Манчини.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Илиеска: Ниту е нова даночната политика, ниту сега во криза е вистинското време за спроведување на таа политика

Следно

ВИДЕО | Николас Кејџ не добил ниту цент за филмот кој му донесе Оскар

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian