Второоделенците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ја посетија Општина Ѓорче Петров

1 min read

Денеска децата од второ одделение од Основното општинско училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, ја посетија Општина Ѓорче Петров и заедно со своите учителки испратија пораки и честитки по повод Детската недела. 

За овој настан, на официјалната Фејсбук страница се огласи и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

-За искрени детски насмевки кои ги„примамивме“ од нив денес, потребно е навистина многу малку. Ваквите посети секогаш не приближуваат до нивното секојдневие, нивната искрена насмевка и љубов, а тие ја поседуваат во изобилие. Од нив секогаш можеме да учиме, а ќе им возвратиме доколку градиме и создаваме за нив. Ваквите средби нека ги има се повеќе.Среќни денови да имате 365 дена во годината – напиша Стојкоски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски: Потврда на француската поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија

Следно

ВИДЕО | Пленковиќ: Србија може да добие каква сака нафта, но не и руска

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian