„Тетово транспорт“ јавно ги објавува фотографиите од возилата кои ги блокираат автобуските постојки

1 min read

Со цел да го спречи несовесното однесување на возачите кои паркираат на местата за градскиот автобуски превоз, претпријатието „Тетово транспорт” одлучи да објавува фотографии од неправилно паркираните возила.

Од таму ја оправдуваат одлуката и со тоа дека доцнењето на автобусите не е заради невнимание или негрижа на нивните возачи, туку поради пaркираните возила кои упорно го блокираат сообраќајот низ Тетово.

Воедно велат дека полиција помага но нема поголемо влијание. Фотографиите се објавуваат на профилот кое претријатието го има на социјалната мрежа Фејсбук.

-Иако подолг период упорно апелираме до сите учесници во сообраќајот да внимаваат каде се паркираат, од тоа нема никаков ефект. Сите постојки се редовно блокирани од несовесни возачи кои мислат дека на автубоските постројки можат да се паркираат кога сакаат. СВР Тетово имаше обиди за контрола, но и од тоа немаше некој посебен ефект. Затоа, од денеска, ЈП „Тетово Транспорт” ќе објавува фотографии со моменталната состојба на постојките низ Тетово. Сите возила ќе бидат објавени со регистерски таблички. Ова е опомена до сите активни учесници во сообраќајот. Бидете одговорни учесници во сообраќајот, порачаа од ЈП „Тетово Транспорт”.

Во тетовската полиција велат дека редовно се обидуваат да го санкционираат неправилното паркирање. Според нивната евиденција за деветте месеци во 2022 од јануари до септември вкупно 2792 непрописно паркирани возила биле подигнати од местата со специјалното возило од „пајак-службата”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецепт од нашите баби: Гулаш од говедско и леќа што ќе ве врати во детството

Следно

Рејтингот на Бајден расте трет месец по ред

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian