Промовирана инклузивна сликовница со Брајово писмо во градинката „Орце Николов“ во Карпош

1 min read

Дечињата и воспитниот кадар од градинката „Орце Николов“ денеска организираа инклузивна работилница насловена „Да читаме заедно“, која претставува прва активност од овој вид што се реализира во земјава.

По тој повод, на средбата присуствуваа и двајца ученици од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, сопругата на словачкиот амбасадор во РСМ, Жанет Маркушова, како и претставници од Секторот за дејности за јавен интерес од Општина Карпош.

Во рамки на работилницата, авторката Гордана Симоновска Момироска која воедно е и претседател на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“, ја презентираше својата инклузивната сликовница „Другарите од зоолошката градина“. Станува збор за пишано издание кое е печатено со две писма, кирилично видно и кирилично Брајово писмо, што значи дека е прилагодено и за децата кои „гледаат со допир“. Сликовницата изобилува со разиграни илустрации и римувани стихови наменети за публиката од ран детски развој, која по својата функција претставува еден вид алатка, која на најмладите ќе им овозможи да читаат без дискриминација. Во оваа пригода, учениците со оштетен вид читаа извадоци од интерактивната сликовница и им покажаа на присутните како се користи Брајовото писмо.

Кон крајот на денешната дружба, директорката на предучилишната установа „Орце Николов“ од името на дечињата од градинката, им врачи подароци на двајцата основци од „Димитар Влахов“, како и благодарници за учество во работилницата, кои беа испечатени и со Брајовото писмо.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бретон: Украина во моментов не може да влезе во НАТО поради војната

Следно

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian