Ковачевски: Потврда на француската поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија

1 min read

Претседателот на Франција, Емануел Макрон на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, уште еднаш ја потврди француската поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Ова го објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– Денешниот ден означува почеток на поинтензивна соработка на ниво на Европа како континент, но и пошироко, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски ја предводи владината делегација, во чиј состав се и министеритре за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бујар Османи и Љупчо Николовски, што денеска во Прага на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница. На форумот учествуваат лидерите на 44 држави – 27-те членки на ЕУ, земјите од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Азербејџан, Грузија, Турција и Украина, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што претходно објави премиерот Ковачевски на Фејбук, фокусот на денешните сесии со лидерите во Европа е економијата, енергетиката, безбедноста, заштитата на животната средина, но најважно заедништво за ублажување на последиците од најголемата криза во светот која ја памтиме во поновата историја.

– Само обиденети можеме да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна, наведе Ковачевски во објавата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Холандските мајки се официјално најсреќни мајки на светот, а ова се нивните правила

Следно

Второоделенците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ја посетија Општина Ѓорче Петров

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian