Дејан Станковиќ е нов тренер на најслабиот клуб во Серија А

1 min read

Сампдорија денеска на својата официјална клупска страница информираше дека потврди дека нејзин нов тренер е Дејан Станковиќ.

Во соопштението се вели дека српскиот стратег ќе ја води екипата од Џенова до 30 јуни 2023, со можност договорот да биде продолжен на уште една година.

Според италијанските медиуми Станковиќ ќе има плата од 700.000 евра, а ќе добие и бонус од 400.000 доколку избори опстанок во Серија А.

Моментно во најсилниот италијански шампионат Сампдорија е последнопласирана со само два бодови.

Претрпеа порази на последните четири натпревари, а Станковиќ, кој до сега ја водеше Црвена звезда, своето деби на клупата на калчолигашот се очекува да го има в недела против Болоња.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово – село Пирок

Следно

Рецепт од нашите баби: Гулаш од говедско и леќа што ќе ве врати во детството

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian