ФОТО | Корпи за отпадоци со потпис на Ким Кардашијан: Ријалити ѕвездата лансира линија на додатоци за бања

1 min read

По линиите облека за обликување на телото, долна облека, шминка, производи за нега на кожа и игри за мобилни телефони, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан одлучи да лансира линија на додатоци за бања како дел од нејзиниот бренд „Skkn by Kim“.

Минималистичката линија на додатоците за бања се целосно изработени од бетон. Асортиманот содржи пет парчиња, а ќе бидат достапни на 16 октомври. Заедно со корпата за отпадоци од 129 долари, Ким продава и послужавник по цена од 67 долари, бетонска кутија за ткиво (89 долари) и кутии за складирање по цена од 69 долари. Целиот бетонски сет чини нешто повеќе од 352 долари.

По објавувањето на новата линија, корисниците на социјланите мрежи се пошегуваа на сметка на Ким и нејзиниот нов бизнис.

„Наскоро очекувајте депонија во вашата близина“, „Затворска ќелија изгледа подобро од ова“ се само дел од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Денес граѓаните ќе дознаат кои се кризните профитери во Македонија, аферата Броило ќе ги открие фирмите и профитерите кои се богателе на маката на граѓаните“

Следно

Топло утро, најмногу дожд на Маврово

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian