Полицијата експресно реагираше: Уапсен навивачот кој направи скандал на натпреварот во Тетово

1 min read

Инцидентот на натпревцарот Тетекс – Каменица Саса денес ги одбележа натпреварите во Втората македонска фудбалска лига.

Пред самиот крај на натпреварот едно лице од трибините веројатно навивач на гостинскиот тим влезе на теренот му удри бокс на гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Судијата набрзо по инцидентот означи крај на мечот.

 

Тетовската полиција експресно реагирала и навивачот го уапсила набрзо по завршувањето на натпреварот.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Сараево: Син го запалил татко си, па побегнал

Следно

Лавовите викаат, а Јарците молчат: Како реагирате според вашиот хороскопски знак кога сте лути?

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian