Нови победи на Вардар и Еурофарм Пелистер во Суперлигата

1 min read

Ракометарите на Вардар и Еурофарм забележаа нови победи во ракометната Суперлига во рамките од 5. коло.

Вардар со 27:22 славеше на гостувањето кај Охрид во рамките од 5. коло во групата А. Охрид во првото полувреме му создаваше сериозни проблеми на фаворитот, а домаќините го отворија натпреварот со 4:1. До крајот на првиот дел Вардар направи пресврт, но водеше само со 12:13.

Отпорот на охриѓани беше до последните десетина минути кога Вардар го покажа својот квалитет и не дозволи изненадување. Куни Моралес со седум гола беше прв стрелец кај Вардар, додека кај домаќините по четири постигнаа Озтурк и Бојаниќ. По пет кола Вардар останува перфектен со пет победи во пет натпревари.

 

Еурофарм Пелистер претходно дојде до лесна победа против Јуниор Кисела Вода од 25:38. Избраниците на Ларс Валтер не видоа мака против повратникот во елитата, уште од почетокот се одлепија и дојдоа до лесни бодови.

Ненад Костески и Дарио Симоноски постигнаа по десет погодоци и беа најдобри на паркетот, додека Павле Атанасијевиќ даде седум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Премиерот Рама и натаму најпопуларен политичар во Албанија

Следно

ФОТО | Портите на пеколот: Aвстриски дворец крие страшно и мрачно минато

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian