ФОТО | Портите на пеколот: Aвстриски дворец крие страшно и мрачно минато

3 mins read

Замокот Мушам, сместен помеѓу градовите Салцбург и Клагенфурт, бил изграден од епископите во Салцбург, а во средниот век станал познат како „Замок на вештерки“, пишува порталот „Mysterious trip“.

Околината е надгледувана од рид висок 1080 метри, за кој се верува дека некогаш бил дом на римската тврдина. Сепак, Римјаните заминале во 12 век и на ридот бил изграден замок. До 17 век го користеле главно надбискупи, а потоа започнала страшната ера.

Мрачни времиња

Во 17 век, во Австрија дошло до лов на вештерки, а помеѓу 1675 и 1690 година, низ целиот регион биле одржани бројни испитувања под името „Зауберерјакл“ или „Судењата на волшебникот Џакл“. Тоа судење било едно од најголемите и најпознатите во Австрија, а смртни казни биле изречени на дури 139 лица.

Овие судења биле за нетипични „вештерки“  или во случајов „вештери“ затоа што обвинетите главно биле мажи. Станува збор за тажни приказни и сведоштва за сиромаштијата на обичните луѓе, но во тоа време немало милост за нив.

Таквите испитувања се одржувале точно меѓу неговите ѕидови. Според приказните, повеќе од илјада жени и мажи биле егзекутирани во подрумот на оваа градба, зад која легендата вели дека до ден денес се слушаат лелеци и повици на милост.

Постојат документи кои го опишуваат најчестиот начин на егзекуција на „вештерките“ и нивните помагачи. Вештерките кои биле прогласени за виновни биле изгорени на клада во дворот на замокот.

Лов на вештерки кој излегол од контрола

Сè започнало во 1675 година со судењето на Барбара Колерин, која признала дека нејзиниот син Пол Јакоб склучил пакт со нечисти сили. Таа започнала потрагата по нејзиниот син, кој меѓу народот останал популарно познат како волшебникот Џекл. Барбара на крајот била осудена на смрт.

Наскоро било фатено момче, кое потврдило дека неодамна се сретнало со него и дека Џекл станал водач на детски и тинејџерски банди. Тоа биле сиромашни деца кои питале на улица, сè додека тој не ги научил на црна магија.

Следувала невидена хистерија и потера против сиромашните деца и млади бездомници и питачи. На крајот Џекл никогаш не бил пронајден, но за време на бројните судења, преку сведоштвата на фатените се родил митот за суровиот волшебник . Тој бил претставен како безмилосен убиец кој комуницирал со глувци и стаорци и можел да стане невидлив. Повеќе од половина од обвинетите осудени на смрт биле деца и тинејџери.

Сè останало во минатото

Замокот на крајот на 18 век бил заборавен, сè додека во 1886 година еден истражувач не го пронашол и решил да ги преземе работите во свои раце. До денес, замокот остана во приватна сопственост, но еден дел е претворен во уметничка галерија и е отворен за јавноста. Покрај галеријата, може да се забележи и зандана за измачување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови победи на Вардар и Еурофарм Пелистер во Суперлигата

Следно

Излезни анкети: Партијата „Ново единство“ на летонскиот премиер води на изборите

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian