Драма во Сараево: Син го запалил татко си, па побегнал

1 min read

Пред неколку часа во Сараево се случила вистинска драма откако едно лице запалило друго, пренесуваат локалните медиуми.

Како што потврди тамошното МВР, едно лице се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот, а сторителот побегнал од местото на злосторството и се уште се трага.

– За се е известен дежурниот обвинител, а полицијата се уште трага по осомничениот кој се товари за кривично дело „убиство во обид“ – соопштија од МУП на КС, пренесува Српскаинфо.

Како што дознаваат босанските медиуми, синот го запалил татко си, а потоа побегнал, а жртвата се здобила со сериозни повреди во вид на изгореници на 75 отсто од телото.

Исто така, како што пренесуваат медиумите, сторителот е лице кое од претходно и е познато на полицијата, а жртвата е пренесена во одделението за пластична хирургија, каде лекарите се борат за неговиот живот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција подготвува испорака на нови самоодни хаубици „Цезар“ во Украина

Следно

Полицијата експресно реагираше: Уапсен навивачот кој направи скандал на натпреварот во Тетово

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian