Поразени младинците на Победа, но имаат добра шанса да го елиминираат Колерејн

1 min read

Денеска на своето деби екипата на Победа од Прилеп во младинската Лига на шампионите загуби минимално со 3:2 на гостувањеот кај Колерејн во Северна Ирска.

После првото полувреме македонскиот младински првак водеше по првото полувреме со резултат 1:2.

Најпрвин домаќините поведоа уште во петтата минута со погодокот на Патон, а непосредно пред паузата два гола за три минути постигна Тодороски.

Не успеаја да ја задржат предноста, во вториот дел попушти концентрацијата и на крајот го загубија мечот. Ривалот успеа да направи целосен пресврт преку Стинсон (52`) и Вотон (58`).

Младинците на Победа ги одржуваат шансите за влез во второто коло. Реваншот е на 5 октомври во Скопје, а победникот од двомечот во следната фаза ќе игра со подобриот од пресметката Генк – Славија Прага.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски забранил да се купуваат морски плодови, парите за бадеми и лешници ќе одат за најзагрозените граѓани

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време, попладне дожд

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian