Петровиќ: Трофејот им го посветувам на Драган Василов Цевка, Анте Дуковски и Маки Лазовски

2 mins read

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја почна со трофеј, откако во вечерашниот Суперкуп „Драган Василов-Цевка“ надмоќно го совладаа ТФТ (100:82) со што го одбранија пехарот освоен лани на истото место во СРЦ „Кале“.

– Ова не е изненадување за мене, заслужено победивме бидејќи имавме контрола над резултатот во текот на целиот натпревар. Нормално, се игра за трофеј. Секој трофеј е важен. Очекував ваков натпревар и од моите играчи и од страна на ТФТ. И многу ми е драго што трофејот го носи името на мојот другар Драган Василов Цевка. Сакам да им го посветам овој освоен трофеј на Драган Василов Цевка, Анте Дуковски и на Маки Лазовски кои нè напуштија прерано – рече Александар Петровиќ, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром по мечот.

Овој меч, воедно, беше и како подготовка за стартот на сезоната во АБА-лигата, каде што веќе в сабота македонскиот шампион ќе му гостува на актуелниот победник во ова натпреварување, белградска Црвена звезда.

Боро Смилковски, тренерот на ТФТ, вели дека неговата екипа не била на нивото на меч кој носи трофеј:

– Пред сè, мислам дека епитетот на Суперкуп натпревар за пехар единствено го оправда амбиентот што го имавме вечерва, сигурно не го оправдавме ние како екипа. Успеавме да ги елиминираме грешките и да најдеме карактер во второто полувреме. Сепак, беше преголем залак после едно такво лошо полувреме, да победиме. Што поради наши грешки, што поради судиски, пресудија за исходот. Честитки до МЗТ Скопје Аеродром за освоениот пехар во Суперкупот – рече Смилковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски ќе забрани во Влада да се јадат морски плодови, бифтеци и апетисани

Следно

Совет од експерт: Не го будете вашето домашно милениче додека има кошмари

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian