Жан-Пјер: Подготвени сме да воведеме дополнителни трошоци за Русија, доколку се продолжи со анексија

1 min read

САД „никогаш нема да ги признаат“ окупираните територии од Русија како „што било друго туку … дел од Украина“, соопшти Белата куќа, додека сепаратистички лидери во четири региони на Украина велат дека во тек се референдуми за дали да се отцепат и да се приклучуват кон Руската Федерација, пишува „Си-ен-ен“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер за „Си-ен-ен“ денеска изјави дека „лажниот референдум“ е „флагрантно кршење на меѓународното право“.

-Што се однесува до она што го правиме, ние сме подготвени да воведеме дополнителни брзи и сериозни економски трошоци за Русија, заедно со нашите сојузници и партнери, како одговор на овие дејствија што ги гледаме моментално, доколку тие продолжат со анексија, појасни Жан-Пјер.

Таа најави повеќе детали на темата наредните денови. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Кубанската зоолошка градина ангажираше толкувачи на знаковен јазик за глувите посетители

Следно

Милевски: Резултатот не е реален, имавме многу повеќе шанси од Бугарија

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian