Петкоска: Заради неспособната власт туризмот се уште не може да се врати на нивото пред пандемијата, иако секаде во регионот тоа веќе се случи

6 mins read

НЕ Е ДО СВЕТСКАТА КРИЗА, НИТУ ДО РУСКО-УКРАИНСКИОТ КОНФЛИКТ, ТУКУ ДО ТОТАЛНО НЕСПОСОБНАТА ВЛАДА!, ПИШУВА НА СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА НА ФЕЈСБУК ЛИДИЈА ПЕТКОСКА, ПРАТЕНИЧКА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ.

-Туризмот се врати на нивото од пред пандемијата и застана на нозе во сите земји во регионот, освен кај нас!

Две години говориме дека власта не го препознава значењето на туризмот за македонската економија, две години говориме дека само кај нас туризмот е плод на случајност, наместо на макотрпна работа и токму затоа бележиме пад во туризмот од 30%!
Додека владите на соседните земји навремено ги презедоа сите мерки за пост пандемично опоравување на туризмот, за нашата влада знаеме дека само си се прошета до Белград – екскурзија која македонските граѓани ги чинеше 400.000 евра или 100.000 евра на ден.

Па сега, кога се вртија и кога веќе ги сумирале впечатоците од прошетката, очекуваме одговор на прашањето колку важни договори и/или меморандуми склучиле за време на четири-дневната посета и кои се придобивките за Република Македонија од оваа посета?
Фактот дека туризмот дефинитивно на оваа влада не ù е на листата на приоритети, ќе го поткрепам со само две од многуте тези.

Прво, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност помина на дневен ред на 73та седница, на 7ми јуни и од тогаш до денес, ниту е закажана седница на комисијата каде што треба да се разгледува, ниту е стигнат за гласање на пленарна седница.

Второ: Предлог законот за изменување и дополнување на законот за туристичка дејност е ставен на дневен ред на 74та седница, на 8ми јуни и до ден денес го нема видено светлото на денот.

За жал, нашата неспособна и незаинтересирана влада од развојот на туризмот го препознава само делот кој „успешно“ го злоупотребува само како изговор за разно-разни рашетувања низ светот.

А…за развиен туризам, мора прво да се средиме дома – мора прво да ја уредиме законската материја која ја регулира оваа област.

Во спротивно, проблемите во туризмот само ќе се трупаат, а не се решаваат.
Ги прашувам: свесни ли сте што ќе се случи со огромен број хотели, кои токму заради вашето непревземање ништо, ќе мора да затворат пред грејната сезона?

Енормните сметки за струја значат клуч на врата и отпуштање на вработените затоа што и покрај штедењето, сметките се десеткратно зголемени.

Хотелите на охридско-струшката ривиера добија за 500% повисоки сметки за струја во споредба со претходната година.

Сопственик на хотел прави една споредба на фактурата за струја за месец ноември и месец декември. Во ноември фактурата за струја изнесувала 75.000 денари, а за декември добива фактура со износ од 530.000 денари.

Нека кажат „владините експерти“ како да биде ликвиден овој сопственик кога секое покачување на цените повлекува други последици?

Знаеме дека хотелите се снабдуваат со струја на отворениот пазар, но исто така знаеме и дека нема да преживеат без брза реакција и државна помош.

Сето тоа, на крај ќе резултира со губење на дестинациите!

И наместо да ги решаваат проблемите, во период кога половина милион наши сограѓани живеат на праг на сиромаштија, тие се луксузираа и рашетуваа-цела влада на вински фестивал.

Таман подзакрепна туризмот со под-смирувањето на пандемијата…и кога велам под-закрепна мислам сам по себе, а не како резултат на некои владини заложби, сега доживува уште еден удар – енергетска криза и кревкиот македонски туризам повторно се наоѓа пред предизвикот како да ги зачува вработените и како да преживее.

Само да потсетам дека, кога станува збор за човечки ресурси во хотелско-угостителскиот сектор и воопшто во туризмот, летото го поминавме така што деца ни без гости – деца ги служеа!

И тоа, оние малку деца кои не ни заминаа во Хрватска или надвор од Македонија.
Свестете се и знајте дека потребна е итна помош од државата за да се задржат вработените. Тоа е обврска на државата – да изнајде начин за ублажување на последиците и зачувување на работните места во туризмот.

И апелираме и молиме ова да си го стават како приоритет.

Според официјалните податоци кои ги соопшти Стопанската комора, бројот на туристи за првите 7 месеци годинава, споредено со истиот период 2019 година, односно пред пандемијата, покажува дека имаме вкупно 260.000 ноќевања помалку, што е пад од 30%, што мора да нè загрижува затоа што сите земји, освен Македонија, се вратија на нивото пред корона кризата.

Најзначеан пад од дури 60% има кај туристите од Холандија, оние туристи од Холандија кои ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ со субвенционирањето на странскиот туристички промет и кои со години беа најбројни посетители на земјава, а кои главно користат хотелско сместување, па затоа ударот врз економијата е голем.

Мора да се работи на поголемо препознавање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација, но кој да работи?

И трнете ги лагите дека е до светската криза или до руско-украинскиот конфликт. Македонскиот туризам страда само и единствено од тотално неспособната и незаинтерезсирана влада!, пишува Петкоска во својата објава.

kurir.mk

Претходно

ФОТО | Бритни Спирс е револтирана: Ме дрогираа со литиум и не ми дозволуваа да излезам од дома

Следно

ВИДЕО: Заврши унгарската „бајка“, Италија ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на нации

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian