ВИДЕО | Емотивна реакција на слепо и глуво куче кога неговиот сопственик се враќа дома

1 min read

Џаспер е слепо и глуво куче кое, и покрај својот хендикеп, нема изгубено од својот љубопитен сензибилитет.

Сопственикот на Џаспер сподели снимка на која може да се види емотивната реакција на кучето кога сфаќа дека неговиот сопственик се вратил дома.

Како што може да се види на снимката, Џаспер се буди и, благодарение на неговото остро сетило за мирис, воочува дека има нешто ново во домот. Тој ги мириса работите низ собата, знае дека нешто е поразлично, но не е сигурен што.

Откако наидува на куп алишта на неочекувано место, кучето почнува на мавта со опашката и сфаќа дека неговата омилена личност е дома. Сопственикот почнува да свирка во обид да го привлече неговото внимание, но ушите на Џаспер изгледа не можат да го фатат звукот. Наместо тоа, неговиот сопственик одлучува да му пријде, по што тој го прегрнува.

Објавата на Тик-ток ги разнежни корисниците на оваа платформа, а снимката има повеќе од 700 илјади прегледи.

@blackwings_wolf Came home from work and Jasper was still asleep so I decided to test to see how his senses were. The answer is not great. Please excuse the state of the floor – laminate is expensive and isn’t the top of our priority list 😂. I also need to fix the kitchen draw that’s hanging off 😭. #fypシ #fy #fyp #dogsoftiktok #blinddog #blinddogsoftiktok #dogs #olddogsoftiktok ♬ original sound – H.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на нации: Митровиќ ја реши Шведска, кикс на Шпанија во Сарагоса

Следно

Гави е најдобар млад фудбалер на светот

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian