Гави е најдобар млад фудбалер на светот

1 min read

Фудбалерот на Барселона, Гави е најдобриот млад фудбалер на светот според ранг листата што ја направи ЦИЕС фудбалска опсерваторијаза играчи родени во 2004 година и помлади.

Гави во август наполни 18 години, а не изненадува првото место на ранг листата бидејќи минатата сезона стана стандарден член на првиот тим на Барселона како и на шпанската репрезентација. 

Гави со 17 години и 62 дена стана најмладиот репрезентативец во историјата на репрезентацијата на Шпанија, а воедно е и најмладиот стрелец во историјата на „фуријата“ со 17 години и 304 дена.

Според „Трансфермаркт“, Гави е проценет на 70 милиони евра и заедно со играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се главни фаворити за наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер на годината.

На второто место на најдобри млади фудбалери е голманот Габриел Слонина кој потпиша за Челси.

Топ 10 најдобри млади фудбалери според „ЦИЕС“
1. Гави – Барселона
2. Габриел Слонина – Челси
3. Данил Кудјаков – Локомотив Москва
3. Виктор Уго – Фламенго
5. Савио Мореира – ПСВ
5. Анхело Габриел – Сантос
7. Мохамед-Али Чо – Реал Сосиедад
8. Емре Билгин – Бешикташ
9. Џовани Енрике – Палмеираш
10. Билал Ел Каноус – Генк

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Емотивна реакција на слепо и глуво куче кога неговиот сопственик се враќа дома

Следно

Дневен хороскоп за 25 септември: Важно е да се задржи позитивен став

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian