Викендов студени утра, од вторник пороен дожд и грмежи

1 min read

Утре наутро ќе биде студено, преку денот променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен во почетокот на следната седмица.

Од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Во сеќавање на кралицата Елизабета Втора: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

Следно

ВИДЕО: Хрватите на чекор од завршниот турнир во Лигата на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian