Ѓукановиќ: Не ни треба „ринге, ринге раја политика“

1 min read

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека не сака да прејудицира што ќе прави доколку Собранието на Црна Гора не го скрати својот мандат на 30 септември, но изјави дека неговиот потег ќе биде во согласност со Уставот.

– На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика, изјави Ѓукановиќ за новинарите во Будва каде учествува на конференцијата на Американско-јадранската повелба (А5), пренесува „Вијести”.

На прашањето дали поради тоа што нема комплетен Уставен суд не можат да се одржат локални избори, Ѓукановиќ рече дека локалните избори ќе се одржат на 23 октомври.

Црногорскиот претседател на 20 септември и испрати на претседателката на Собранието Данијела Ѓуровиќ предлог за скратување на мандатот на парламентот, истовремено соопштувајќи дека го отфрлил предлогот на старото парламентарно мнозинство да го прифати Миодраг Лекиќ за мандатар на новата влада.

Ѓукановиќ тогаш изрази уверување дека до нова влада може да се дојде само со одлука на граѓаните на избори. ј

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешко повредена жена од Хрватска, ја прегазил велосипедист во центарот на Скопје

Следно

Пронајден нож кај малолетник од Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian