Ристовски: Гоки, ти си наша легенда, мој мотив засекогаш, инспирација за сите нас!

1 min read

Горан Пандев ја заврши кариерата како професионален фудбалер на 39 години, лани како капитен ја водеше македонската А репрезентација на првото Европско првенство во нашата историја.

Во текот на кариерата настапуваше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова, а последен клуб му беше Парма. Тој беше дел од Интер во 2010 година кога ги освои титулите во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите, а потоа и Светското клупско првенство.

Пандев за репрезентацијата на Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 голови и е најдобар стрелец на вечната листа.

Стефан Ристовски му се заблагодари на Пандев за сè што направи во фудбалот преку кој светот слушна за Македонија.

– Гоки….пораснав со тебе, прво како идол, а подоцна заедно и на терен. Горд сум што бев дел од твоето време. Емоциите се измешани, среќен за тоа што сме поминале заедно и тажен што повеќе нема да бидеш дел од теренот. Фала ти што прв успеа светот да слушне за Македонија и македонскиот фудбал, фала ти што беше инспирација за сите нас. Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш – стои во објавата на Ристовски на „Инстаграм“.

Потсетување дека поради повреда играчот на Динамо Загреб, Ристовски нема да настапи на претстојните натпревари во Лигата на нации против Грузија и Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца повредени во инцидентот во автобусот на ЈСП, средношколци се боделе со ножеви

Следно

Двајца повредени во инцидентот во Кисела Вода, средношколци се боделе со ножеви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian