Поставена нова заштитна ограда на мостот на патот Кадино-Миладиновци

1 min read

На мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци е поставена ноза заштитна ограда, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на местото и истакна дека поставувањето на заштитната ограда е од големо значење бидејќи таа локација е една од критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот.

-Новата заштитна ограда е поставена на двете страни на мостот, со вкупна должина од 50 метри. Дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот. – напиша Георгиевски на својата официјална Фејсбук страница. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Полицијата уапси над 1.500 демонстранти во Русија

Следно

Казна затвор за кавадарчанецот кој ја загрозил сигурноста на градоначалникот Јанчев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian