Лефков: Џафери е узурпатор, а со узурпатори не се преговара

1 min read

Пратениот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, вечерва во гостување на ТВ24 беше запрашан зошто партијата не му поднела кривична пријава на претседателот на Собранието Талат Џафери по одбивањето на нејзината иницијатива за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Узурпирани ни се институциите целосно. Ликот на Ковачевски е лице на премиер кој што узурпира. Ликот на Талат Џафери кој што го узурпира Собранието. Една граѓанска иницијатива тој ја одбива затоа што не можело да се толкува“, рече Лефков во одговорот на прашањето зошто не поднеле кривична пријава против спикерот иако тврдеа дека ја прекршил процедурата.

Според него, „кога ќе се спомнат имињата на Талат Џафери и Али Ахмети, тоа е тригер за пратениците од ДУИ“.

„Џафери е узурпатор, а со узурпатори не се преговара. Ќе дојде време кога истите ќе бидат поднесени и ќе одговараат во момент кога ќе бидат ослободени институциите. Многу брзо ќе дојде промената на власта“, рече Лефков.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Како од бајка на Дизни“: Ќе ве стопи снимката од девојка која храни елени

Следно

Двајца повредени во инцидентот во автобусот на ЈСП, средношколци се боделе со ножеви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian