Кулинарско уживање: Хороскопски знаци кои се вистински гурмани

2 mins read

Секој од нас има своја дефиниција за среќа и животен хедонизам. Според астрологијата, припадниците на одредени хороскопски знаци се вистински гурмани и љубители на убавата храна и вкусните пијалаци.

За дел од нив, храната претставува извор на допамин во моментите кога се тажни, па затоа често се прејадуваат кога се соочуваат со одредени негативни случувања.

Водолија

Кога јадат, Водолиите тоа го прават во знак на револт. Ако некој им рече дека треба да ослабат, тие инаетливо почнуваат да јадат бидејќи не се грижат за туѓите „глупави“ мислења. Сепак, обидувајќи се да ги повредат другите, тие се повредуваат себеси. Ако ништо друго, тие уживаат во одличниот вкус на храната и во можноста да им покажат на другите дека туѓиот став не им е важен.

Фото: Pexels, Helena Lopes

Девица

Кога светот би функционирал според строгите правила на Девиците, тоа би било совршено. Но, кога нештата не функционираат според нивните стандарди, тогаш тие ја бараат утехата во добрата храна. Како и да е, Девиците не јадат што било – дури и готвењето им е доведено до совршенство. Кога се јаде, нека се јаде со стил.

Фото: Pexels, Adrienn

Риба

Рибите сакаат да се прејадуваат и тоа го прават со голема радост. Тие ниту си ги „јадат емоциите“, ниту имаат желба да му тераат инает некому. Едноставно, тие уживаат во јадењето – во секоја смисла. Па, ако сакате да ја усреќите Рибата во вашиот живот, гответе ѝ ги нејзините омилени јадења. Таа ќе ве сака засекогаш!

Хороскопски знаци на кои ќе им се случи судбинска љубов оваа есен

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето

Следно

Мобилизацијата во Русија е директна закана за бугарската национална безбедност, вели ексминистерот Шаламанов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian