ФОТО+ВИДЕО | Новиот филм за Мерлин Монро ги вознемири гледачите со 18+ сцена: Факти или фикција?

3 mins read

Новиот филм на „Netflix“ за Мерлин Монро насловен „Blonde“ содржи графичка сцена во која холивудската дива е брутално силувана од претседателот Џон Ф. Кенеди, што вознемири некои гледачи.

Во филмот глумат Ана де Армас, Адриен Броди, Боби Канавале, Хавиер Семјуел, Каспар Филипсон и Џулијан Николсон, а неодамна беше објавен во кината и треба да стане достапен за гледање на „Netflix“ на 28 септември.

ана де армас
Сцени од филмот „Blonde“ / Фото: Принтскрин/IMDb

Поголемиот дел од дејствијата во филмот се измислени

Иако филмот прикажува некои реални аспекти од животот на покојната актерка, поголемиот дел од заплетот е всушност заснован на измислениот роман на Џојс Керол Оат од 2000 година.

Филмот предизвика бурни реакции откако беше објавено во август дека добил оцена NC17, што значи дека деца под 17 години не можат да го гледаат филмот, дури и под надзор на возрасен.

Меѓутоа, сега е откриено дека филмот содржи повеќе прикази на сексуален напад и насилство – вклучително и застрашувачка измислена сцена во која Кенеди, кој го игра Филипсон, ја принудува актерката да изврши орален секс со него пред да ја силува. Мерлин потоа се буди во кревет со модринки по целото тело и оди во тоалет за да поврати.

„Vulture“ го опиша моментот како „неверојатно напнат, вознемирувачки, крајно незгоден и експлоататорски“, додека луѓето на „Твитер“ го нарекоа „гаден“ и „непотребен“.

„Немам ништо против биографски филмови кои се наклонети кон фикција, но измислувањето сцени со силување за да се додадат на приказната што треба да ја критикува сексуализацијата е едноставно погрешно“, напиша еден корисник на „Твитер“.

ана де армас
Сцени од филмот „Blonde“ / Фото: Принтскрин/IMDb

Режисерот го брани филмот

„Жената е мртва, а вие го користите тоа како изговор за да ја покажете гола половина од времето и да го направите практично порно“, додаде друг. „Сцената со силување во филмот не е заради уметност. Тоа е чиста измислица на нештата во животот на една мртва жена која еднаш рече дека не сака луѓето така да се шегуваат со неа“, забележа трет.

ана де армас
Сцени од филмот „Blonde“ / Фото: Принтскрин/IMDb

Филмот, наводно, содржи и сцена во која филмскиот продуцент Дерил Ф. Занук ја силува Мерлин.

Режисерот Ендрју Доминик претходно го бранеше филмот за „Screen Daily“, велејќи: „Тоа е тежок филм. Ако на публиката не ѝ се допаѓа, тоа е нивен е*ен проблем“, рече тој.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Македонија го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел против Грузија

Следно

Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian