Двајца повредени во инцидентот во Кисела Вода, средношколци се боделе со ножеви

1 min read

Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” во Скопје вечерва во 20 часот се примени двајца повредени од остар предмет во пределот на шаката.

Еден од нив е препратен на скопските клиники, а еден е пуштен на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.

Вечерва беше објавено дека во автобус на ЈСП број 51 во населбата Кисела Вода се случила групна тепачка, во која неофицијално учествувале средношколци од Моране и Студеничани.

Дел од медиумите пишуваа и дека непосредно по тепачката, била нападната и новинарска екипа која го забележала инцидентот.

Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште нема никаква официјална информација за вечерашните случувања во Кисела Вода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ристовски: Гоки, ти си наша легенда, мој мотив засекогаш, инспирација за сите нас!

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и свежо, наместа слаб дожд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian