Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето

1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика меѓународната заедница да го принуди рускиот претседател Владимир Путин „да ја плати сметката поради инвазијата на Украина“.

„Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето“, рече шефот на американската дипломатија на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина.

„Меѓународниот поредок кој нè собра денеска овде и кој се обидуваме да го зачуваме се распаѓа пред наши очи“, предупреди тој во друштво на неговите колеги во Советот, осудувајќи ја неодамнешната ескалација, особено референдумот за спојување територии под руска контрола.

„Тоа што претседателот Путин одлучи дека токму оваа недела, додека повеќето од светските лидери се собраа во ОН, да стави масло на огнот што самиот го запали, го покажува неговиот целосен презир кон Повелбата на Обединетите нации“, рече Блинкен.

Седницата се одржува во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но тој не седна на масата на Советот за време на говорот на министерот, туку беше претставен од неговиот заменик.

kurir.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Новиот филм за Мерлин Монро ги вознемири гледачите со 18+ сцена: Факти или фикција?

Следно

Кулинарско уживање: Хороскопски знаци кои се вистински гурмани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian