ВИДЕО: Рајо Ваљекано знае како во Барселона, повторно „мирна мрежа“ за Димитриевски

1 min read

Рајо Ваљекано и во рамките од второто коло во шпанската „Ла Лига“ играше во Барселона овојпат како гостин кај Еспањол.

После ремито на „Камп Ноу“ против Барселона (0:0), овојпат Рајо триумфираше со 0:2, а повторно мируваше мрежата на Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативен голман денеска немаше многу работа на својот гол, благодарение на добрата одбрана на неговите соиграчи, иако домаќините немаа и среќа бидејќи дури трипати погодуваа статива.

Уште во првиот половина час од дуелот видовме по еден црвен картон на двете страни, најпрвин во 16 минута кај гостите теренот предвреме го напушти Лежен, а во 30 минута и Гомез беше исклучен.

Првиот гол се случи во 40 минути преку Иси кој прекрасно стрелаше со левата нога, а конечниот епилог го постави Сис после асистенцијата на Гарсија.

Следниот меч Рајо ќе го има на 27 август на домашен терен против екипата на Мајорка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД УТРЕ – еве какво време не очекува во наредните денови, особено следната недела

Следно

Куче родено со ретка невролошка состојба ужива во животот и има илјадници обожаватели на Инстаграм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian