Куче родено со ретка невролошка состојба ужива во животот и има илјадници обожаватели на Инстаграм

1 min read

Кучето Хана е сосема нормално куче, кое како и сите кучиња сака храна, тркалање во мека трева и трчање. Но, за разлика од другите кучиња, Хана има инвалидска количка која ѝ помага да оди.

Хана има церебеларна хипоплазија, невролошка состојба во која малиот мозок е помал од нормално или не е целосно развиен. Хипоплазијата не го скратува животниот век на миленичето и е нешто почеста кај мачките отколку кај кучињата.

Хана на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 94.000 луѓе, кои гледаат бројни видеа кои ги објавува нејзината сопственичка која е посветена на споделување на позитивната животна енергија на нејзиното милениче со светот.

Таа го посвоила кучето откако три години се преселила од еден привремен дом во друг. Решила да ѝ обезбеди дом во кој ќе биде до крајот на животот и решила да се потруди кучето да биде добро: редовно оди на пливање и акупунктура, има инвалидска количка за трчање на тврди површини и а по меки површини може да се движи и без неа бидејќи нема да ја боли секогаш кога ќе се сруши на земја.

На нејзините сопственици луѓето многупати им кажале дека треба да го еутаназираат своето милениче бидејќи таквиот живот е мачен. Но, таа вели дека тоа не е вистина – Хана не чувствува болка поради нејзината состојба. Таа е среќна, јаде и пие нормално.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Рајо Ваљекано знае како во Барселона, повторно „мирна мрежа“ за Димитриевски

Следно

Спасовски го отвори ФИС „Ролер ски купот Тоше Проески“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian