Инцидент во Хрватска: Најмалку 16 повредени по испарување на засега непозната хемикалија

1 min read

Попладнево се случил инцидент во Тухељски Топлице, на северот од Хрватска, при што најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако испарила непозната хемикалија.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените.

Двајца од повредените се префрлени на лекување во Загреб, а останатите 14 се згрижени во Општата болница Забок. Повредените, главно, се жалат на проблеми со дишењето.

Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.

Пријавата дошла од вработени и посетители, кои се пожалиле на непријатен мирис на хемикалија, но и на респираторни проблеми кај гостите кои во тој момент се наоѓале во просторот за капење.

Евакуацијата почнала околу 18.10 часот, а засега не се знае за каква точно хемикалија станува збор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасовски го отвори ФИС „Ролер ски купот Тоше Проески“

Следно

Е. Пелистер и Целје Пивоварна Лашко во финалето за трофејот на струшкиот турнир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian