„Тотален пресврт“: Познати сите детали за разводот на Франческо Тоти и Илари Блази

2 mins read

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти и неговата сопруга, ТВ водителката Илари Блази се разведуваат по 17 години брак откако се појавија гласини дека и двајцата се впуштиле со вонбрачни афери.

Моќниот пар од Рим, познат и како италијанските Пош и Бекс, дели три деца, а веста за нивниот развод ја изненади јавноста, пред се поради тврдењата дека фудбалерот ја изневерил Илари со 34-годишната Ноеми Боки, која е страствен навивач на Рома, неговиот поранешен клуб.

„Принцот на Рим“ потврди дека се разведува од Илари Блази по 17 години брак

Ноеми не ѝ е позната на пошироката јавност, а според тамошните медиуми таа дипломирала претприемништво и банкарство во приватното студио „LUMSA“ во Рим, а работи и како декоратор на цвеќиња. Во брак е и со Марио Каучи, сопственикот на фудбалскиот клуб Тиволи, со кој има две деца.

Но, изгледа дека не бил неверен само пензионираниот фудбалер, бидејќи се шпекулира дека Илари имала афера и со неименуван италијански бизнисмен кој го запознала додека работела на снимање на реално шоу.

Од друга страна, пак, магазинот „Чи“ сега тврди дека до разводот всушност дошло поради аферата на Илари со фитнес тренер. Блази поради природата на својата работа често патувала во Милано, а таму го запознала Кристијано Џовина. Тоти наводно ги пронашол нивните љубовни преписки и дека нивното познанство траело повеќе од една година.

Џовино е поранешен партнер на италијанските инфлуенсери Зои Кристофоли и Џулија де Лелис, но никој сè уште не ги потврдил овие гласини.

Веста за разводот ја потврдија и двајцата, со официјални изјави во кои порачаа дека не сакаат да откриваат премногу детали.

„После 20 години заедно и три прекрасни деца, мојот брак со Франческа заврши. Сепак, процесот на разделба ќе остане приватна работа и нема да давам дополнителни изјави. Ги повикувам сите да избегнуваат шпекулации и пред сè да ја почитуваат приватноста на моето семејство“, рече Илари.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фазлагиќ сезонава ќе настапува за екипата на Дунајска стреда

Следно

„Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ нема да прави предизборна коалиција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian