Општина Центар ќе субвенционира поправка на 9 лифтови и 1 покрив

1 min read

Општина Центар, врз основа на јавниот повик за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на општината, оваа година одобри субвенции за реконструкција на 9 лифтови и 1 покрив на колективни станбени објекти постари од 15 години. Вкупната сума обезбедена за јавниот повик изнесуваше 3.000.000 денари, а искористени се 1.873.394 денари.

Оваа година ќе се изврши поправка и санација на лифтовите на следните згради: ул. „Орце Николов“ бр. 98; ул. „Народен Фронт“ бр.7, бр.11, бр.5/37, бр. 23 влез 2 и бр. 27; булевар „Кочо Рацин“ бр. 8; ул. „Козара“ бр. 64 влез 3 и булевар „Партизански одреди“ бр. 7/1 влез 1, а субвенции за поправка на покривот добија станарите на зградата на ул. „Народен Фронт“ бр.23 влез 1.

Ова е петта година по ред како Општина Центар ја реализира програмата за субвенционирање на поправка и санација на лифтови и кровни конструкции, а досега реконструирани се вкупно 102 лифтови и кровни конструкции на колективни станбени објекти во општината.

skopjeinfo.mk

Претходно

Кина испраќа војници во Русија на заедничка вежба

Следно

Општина Карпош ќе обезбеди смарт табли за претстојната учебна година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian