Стефковски: Маџари доби мултифункционално игралиште со тартан подлога

1 min read

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го пушти во употреба мултифункционалното игралиште во Маџари, направено на најсовремена тартан подлога.

Ова е првото од вкупно седум игралишта кои ќе се изградат на територија на општина Гази Баба, од кои пет ќе бидат со современа тартан подлога, а две со подлога од вештачка трева.

„Инвестираме во спортската инфраструктура како никогаш досега. Проекти се реализираат насекаде низ општина Гази Баба. Граѓаните се сведоци на новото време за нашата Гази Баба“, напиша Стефковски на својот фејсбук профил.

skopjeinfo.mk

Претходно

Голем број партии се пријавија за парламентарните избори во Бугарија

Следно

ВИДЕО: Импресивно забивање на синот на Леброн Џејмс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian