Шкотска, прва земја во која хигиенските влошки и тампони се бесплатно достапни

1 min read

Законот за менструални производи со кој се предвидува во Шкотска жените да имаат право на бесплатни хигиенски влошки и тампони, стапи на сила на 15 август. Согласно законот сите образовни установи, но и јавни институции имаат обврска да ги обезбедат овие производи.

Од 2017 година потрошени се нешто помалку од 32 милиони евра за овие хигиенски производи да станат јавно достапни.

Предлог законот за ментруални производи го покрена Моника Ленон, а е усвоен едногласно во ноември 2020 година.

Во документите кои го поддржуваат законот Ленон истакнала дека разумно е да се очекува дека 20 проценти од популацијата која има менструален циклус да ја користи програмата, со оглед на официјалната статистика за нееднаквост која покажува дека 20% од жените во Шкотска живеат во релативна сиромаштија.

Во Обединетото кралство во целина, една од 10 девојки на возраст меѓу 14 и 21 година, изјавила дека не е во можност да си дозволи да има менструални хигиенски производи, според истражувањето на Plan International UK од 2017 година, пишува Си-Ен-ЕН.

kurir.mk

Претходно

Албанците отсега треба да бидат застапени со 31,5 отсто во државната администрација, пресметал министерот Алити

Следно

Јакимовски: По речиси пет години, општина Карпош има деблокирана сметка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian