Руски рок музичар доби парична казна од 50.000 рубљи: Шевчук е против руската инвазија врз Украина

1 min read

Популарниот руски рок музичар, пејач и текстописец Јуриј Шевчук е казнет од својата родна земја поради осуда на офанзивата против Украина и критиките упатени кон претседателот Владимир Путин за време на својот концерт. Рускиот суд го прогласи музичарот за виновен поради „јавно дејствување насочено кон дискредитирање на руските вооружени сили“ и го осуди на парична казна од 50.000 рубљи или околу 800 евра, пренесува „Тhe Мoscow Тimes“.

Шеесет и петгодишниот Шевчук на 18 мај пред својата публика пеел „татковината не смее да биде постојан полтрон на претседателот“. „Сега луѓе се убиваат во Украина, зошто? Нашите момчиња гинат во Украина, зошто?“, „Поради наполеоновите планови на нашиот Цезар“, биле деч од зборовите на музичарот поради кои се соочува со казна.

Шевчук, кој денес не се појавил во судницата бидејќи е позитивен на коронавирус, испратил пишана изјава преку својот адвокат, Александар Передрук, каде нагласил дека „секогаш бил против војна насекаде во светот“.

„Сите проблеми и сите тешкотии од политичка природа меѓу држави и народи мора да се решаваат преку дипломатски канали“, се наведува во писмената изјава од страна на музичарот.

Шевчук, водач на рок групата ДДТ, доста позната во поранешен СССР, со години го осудува влијанието на Владимир Путин. Пред ерата на Путин, Шевчук се истакна со кампања против војната во Чеченија од 1994 до 1996 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крадци ограбеле 77-годишна скопјанка

Следно

МНР изразува целосна поддршка на „автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian