Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени донираа 20 илјади фунти за лекување на тешко болно девојче

1 min read

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс и неговиот колега Роб Мекелхени донираа 20.000 фунти за да му помогнат на четиригодишното девојче Арија Хоџкис, кое се бори со редок тумор на мозокот, пишува „Би-Би-Си“.

За девојчето е отворена сметка на „GoFundMe“ која е наменета за трошоците за нејзиното лекување. Недостасувале 20 илјади фунти за да се собере потребната сума од 60 илјади. Актерите решиле да помогнат така што ќе ја платат преостанатата потребна сума.

На Арија ѝ бил дијагностициран облик на тумор кој не реагира добро на хемотерапијата.

„Плачам од среќа. Не ми се верува дека донираа. Неверојатно“, рекла мајката на Арија, Мелани.

За Рајан ова не е прва хуманитарна акција во која учествува. Заедно со неговата сопруга Блејк Лајвли донирал еден милион долари на непрофитните организации „Feeding America“ и „Food Banks Canada“, кои се грижат за најпогодените од пандемијата на коронавирус.

„Коронавирусот брутално ги погоди постарите лица и ги намали приходите на семејствата. Ако можете да дадете, на овие организации им е потребна нашата помош. Не заборавајте на осамените и изолираните“, напиша тогаш Блејк.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вчера го испровоцира Нуњез да добие црвен картон, денеска добива смртни закани

Следно

МИОА: Усогласувањето за правичната застапеност при вработувања во јавниот сектор е со податоци од вкупно попишаните лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian