Голем број партии се пријавија за парламентарните избори во Бугарија

3 mins read

На претпоследниот ден од рокот за пријавување на престојните избори се пријавија „Демократска Бугарија”, „Продолжуваме со промената”, Движењето за права и слободи и националистичкото „Преродба” и ВМРО-БНД.

Според Никола Минчев од „Продолжуваме со промената”, неговата партија секако ќе работи заедно со „Демократска Бугарија”. Тој не кажа дали ова ќе биде во форма на предизборна или постизборна коалиција, бидејќи се работи за политичка тактика која опција ќе им донесе најмногу мандати во 48. Народно собрание.

Откако ќе ги добијат резултатите од длабоката социолошка студија нарачана од нивна страна, ќе оценат која опција им е подобра за да соберат повеќе гласачи, коментира и Минчев. Тој при излегувањето од Централната изборна комисија рече дека заедно со „Демократска Бугарија” и со БСП многу добро работеле во 47. Народно собрание.

Минчев рече дека целат во овој формат да имаат мнозинство во идниот парламент на Бугарија.

„Демократска Бугарија” поднесе документи за учество на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври. Надежда Јорданова рече дека ќе чекаат „Продолжуваме со промената” дали ќе учествуваат заедно на изборите бидејќи според неа на Бугарија и треба големо обединување за да се елиминира моделот на Бојко Борисов.

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по регистрацијата на партијата истакна дека се бореле против корупцијата и го запреле рекетирањето на фирмите додека биле во владејачката коалиција. Таа презентираше четири одлуки со кои БСП гарантира дека ќе ја води Бугарија во наредните месеци доколку влезе во следниот парламент.

Пред сè, бугарските социјалисти ќе инсистираат на воведување мораториум на цената на гасот, водата и парното за домашните потрошувачи; воспостави програма за компензација на бизнисите за разликата во цената; продолжување на социјалната програма и приоритети; а на четврто место пласираше „непосредни” преговори со руската компанија „Газпром”.

„Преродба” најавија дека влегуваат во изборна кампања со барање да бидат прва политичка сила, коментира Петар Петров. Од партијата побараа да ги подобрат односите на Бугарија со Русија. Не гледаат со кого би можеле да коалицираат во новиот бугарски парламент.

Откако ВМРО-БНД не успеа да направи коалиција со партиите на Слави Трифонов и поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, тие најавија дека се пријавуваат за самостојно учество на изборите. Ангел Џамбазки коментира дека на избори одат со платформата на ВМРО-БНД, која се заснова на заштита на бугарскиот интерес, која ја продаде коалицијата „Анти-Македонија”.

Први на изборите се пријавија ГЕРБ, која ја продолжува коалицијата со СДС, како што беше случајот во претходното Народно собрание.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јакимовски: По речиси пет години, општина Карпош има деблокирана сметка

Следно

Стефковски: Маџари доби мултифункционално игралиште со тартан подлога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian