ВИДЕО | Ѓоргиев: Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат

2 mins read

Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само двата народа, порача вечерва Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

„Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања“, рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука.

Во текстовите за заедничко чествување, додаде, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата.

„Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99 отсто поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања“, посочи Ѓоргиев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српската манекенка поради несреќа на имотот на милијардерот заврши во инвалидска количка

Следно

Црвениот крст повика на обновување на хуманитарната помош за Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian