ВИДЕО: Атлетико фуриозен, два гола на Мората, три асистенции на Жоао Феликс

1 min read

Фудбалерите на Атлетико Мадрид победија вечерва на гостувањето кај Хетафе со 3:0, во натпреварот од првото коло на шпанската „Ла Лига“.

Стрелци за Атлетико беа Алваро Мората во 15 и 59 минута и Антоан Гризман во 75 минута, додека асистент на сите три погодоци беше Жоао Феликс.

Во следното коло „јорганџиите“ ќе го пречекаат составот на Виљареал, додека Хетафе е домаќин на Жирона.

Претходно, фудбалерите на Атлетик Билбао и Мајорка одиграа нерешено 0:0 во Билбао.

Во неделата Реал Сосиедад беше подобар со 0:1 од Кадиз, со истиот резултат славеше и Валенсија над Жирона, а минимално славеше и Реал Мадрид кај Алмерија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН избра поранешен министер од Гренада за нов шеф на Светската организација за климата

Следно

ВИДЕО | Обожава да пее: Ова куче ги воодушеви луѓето со својата „изведба“ на познат хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian