ОН избра поранешен министер од Гренада за нов шеф на Светската организација за климата

1 min read

Поранешниот министер за климатска отпорност на Гренада, Сајмон Стил ќе биде новиот шеф на ОН за климата, објави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Стил ќе ја преземе функцијата извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени на помалку од три месеци пред последниот круг преговори на средбата за климата КОП27, што ќе се одржи во Египет.

Тој на оваа функција ќе ја замени мексиканската дипломатка Патриша Еспиноза.

Пет години Стил беше министер за климатска отпорност и животна средина на Гренада, а претходно беше министер за образование и развој на човечки ресурси.

Во соопштението, Обединетите нации го нарекоа Стил „вистински специјалист за создавање креативни пристапи за нашиот заеднички глобален одговор на климатската криза“. ссм/

kurir.mk

Претходно

ФОТО | Ким Кардашијан „вежба“ во теретана облечена во бикини и чизми над колена

Следно

ВИДЕО: Атлетико фуриозен, два гола на Мората, три асистенции на Жоао Феликс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian