Мачор кој се изгубил при преселба поминал 64 километри и повторно го пронашол своето семејство

2 mins read

Мачорот Оливер стана вирален хит на социјалните мрежи по неговиот авантуристички потфат. Имено, мачорот се изгубил кога неговото американско семејство се селело во мај оваа година. Додека се пакувале, тој некако излегол на предниот трем и си играл со семејното куче. „Тоа беше последен пат кога го видов Оливер“, изјави сопственичката Хејли Качер за „WBOY 12 news“.

Сопствениците се надевале дека ќе го најдат

„Сè уште не сме ја договориле продажбата на куќата, ја огласивме како празна и првата недела постојано го посетувавме имотот, му остававме храна и му викавме“, објаснува таа.

Кога куќата конечно се продала во јули, семејството им ја објаснило ситуацијата на новите сопственици и ги замолило да ги известат во случај Оливер да се појави.

„Сè уште некако се надевавме дека можеби тој ќе се појави“, рече таа.

Мачорот Оливер се појавил во нивниот нов дом

Мачорот Оливер навистина се појавил два месеци подоцна, но не на локацијата на старата куќа, туку во дворот на новата куќа каде што се преселиле.

„Мојот сопруг погледна кон дворот на соседот и виде портокалова мачка како седи на скалите. Се сврте кон мене и ми рече дека личи на Оливер“, раскажува сопственичката.

Моментот на повторното обединување сопственичката Хејли го опиша како сцена од филм.

„Излетав на задната врата од куќата, ме виде како доаѓам и почна да трча кон мене. Трчавме еден кон друг, изгледаше како бавно сцена од филм. Ми дозволи да го земам. Тоа беше тој“, откри таа посочувајќи дека ветеринарот го проверил микрочипот и потврдил дека навистина е Оливер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хадад Маја немаше сили за уште едно изненадување, Халеп триумфира на мастерсот во Торонто

Следно

Рома има тим за титула, но се намачи за победата против Салернитана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian