Урнебесно видео: Горила во зоолошка градина им приреди шоу на посетителите

1 min read

Една посетителка на зоолошката градина била воодушевена од пречекот кога горилата ја изненадила со упад во стил на холивудска ѕвезда.

Тина Флик на „ТикТок“ објави видео од неочекуваниот упад на горилата низ отворот, која се лизна по подот сè до стаклото, пред кое се најде изненадената посетителка.

За да го направи впечатокот целосен, горилата го сврте грбот и со став тргна кон отворот, но не заборави уште еднаш да се заврти и да ѝ даде важен изглед на групата посетители.

@its_just_me0215 #cenzoo #gorillatag #slideshow ♬ original sound – Tina Flick

На видеото се слуша смеа, а тиктокерката вели дека се исплашила. Видеото стана вирално, собра над милион прегледи и преку 10 милиони лајкови.

„Па, така се влегува“, коментираше еден корисник, додека друг додаде: „Дури и се смее, ова го правел и порано“.

Откако видеото стана вирално, се дозна дека се работи за горила по име Кензо, пргава 26-годишна горила во зоолошката градина Колумбија, град во Јужна Каролина. Кензо сакал да се одмора и да јаде свежо овошје и зеленчук, а како што можевме да видиме, сака да се покажува најдобро што може.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интер до победата против Лече во 95. минута

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Силно невреме во Кавадарци, поплавени подруми на повеќе куќи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian