Интер до победата против Лече во 95. минута

1 min read

Фудблерите на Интер со тешка победа на гостувањето против Лече ја стартуваа сезоната во Серија А. „Нераѕурите“ славеа со 2:1, а голот вреден три бода го постигнаа во 95 минута.
По нафрлувањето од корнер, Дензел Дамфрис ја затресе мрежата на Владимир Фалконе, кој правеше чуда во голот.

Интер поведе уште во 2. минута о голото на повратникот во тимот од Милано, Ромелу Лукаку, но домаќинот израмни на почетокот на вториот дел преку Асан Цесај.

Примениот гол, го натера тренерот на Интер, Симоне Инзаги да фрли се на една карта, на нападот. Се редеа шансите пред голот на Фалконе, но Лукаку, Един Џеко, Федерико Димарко промашија, Дамфрис ја погоди стативата, но не погреши во последниот напад од натпреварот.

Торино со идентични 1:2 славеше на гостувањето кај дебитантот во Серија А, екипата на Монца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Еве каде се движи невремето од Кавадарци, УХМР најавува поројни врнежи

Следно

Урнебесно видео: Горила во зоолошка градина им приреди шоу на посетителите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian