ФОТО+ВИДЕО | Силно невреме во Кавадарци, поплавени подруми на повеќе куќи

1 min read

Силно невреме со обилни врнежи од дожд вечерва го зафати Кавадарци, при што од невремето биле поплавени подруми од куќи и повеќе улици, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул. 7 Септември, на која во моментот три екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“, известија од ЦУК.

Исто така, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев објави фотографии и видеа од поплавените улици во Кавадарци и ги повика сите граѓани кои имаат проблем од невремето да пријават на телефонскиот број 13 300.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Урнебесно видео: Горила во зоолошка градина им приреди шоу на посетителите

Следно

Димитриевски ги излуде ѕвездите на Барселона, трет натпревар по ред не можат гол да му дадат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian