Младите кошаркари ја совладаа Црна Гора на стартот на ЕП

1 min read

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години со победа ги започна настапите на Европското првенство А-дивизија кое од денеска се игра во Скопје. Кошаркарите со 69:62 ја совладаа Црна Гора.

Првата четвртина им припадна на македонските кошаркари со 15:12, а втората ја започнаа со серија од 5:0 и за прв пат дојдоа до двоцифрена предност (22:12).

Одличната игра на Македонија продолжи и по поените на Јаничиќ предноста изнесуваше дури 17 поени (31:14). По тај-аутот на селекторот на Црна Гора, предноста се намали на 36:25, а на одмор Македонија замина со 38:26.

Првата половина од третата четвртина, Црна Гора ја одигра подобро. И ја преполови нашата позитива. Во 27.минута бевме во плус од само два поени (46:44), откако противникот направи серија 18:8.

Празниот поентерски период на нашата селекција го прекина Стојковиќ за 48:44.
Тој дел од играта сепак го завршивме со позитивен резултат (51:48). Само како најава дека последните десет минути ќе бидат и тоа како важни, а на крајот се претворија и во драматични.

Во последната минута влеговме само со еден поен предност (63:62) и по тајм-аутот кој го зема селекторот на Црна Гора, Зетов ја погоди клучната тројка, која на Македонија и ја донесе и првата победа на ЕП.

Токму Димитар Зетов беше најзаслужен за триумфот со 20 поени, пет скока и пет асистенции, а двоцифрен ефект имаа и Јаничиќ со 14 и Стојковиќ со 11 постигнати поени.

Во второто коло Македонија утре ќе игра против Грција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директната помош на САД за шесте земји од Западен Балкан може да изнесува околу четири милијарди долари

Следно

Бебе носорог и зебра биле пронајдени како сирачиња: Станале неразделни пријатели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian