Халеп ќе игра во полуфиналето на мастерсот во Торонто

1 min read

Романската тенисерка Симона Халеп оезбеди пласман во полуфиналето на мастерс урнирот од серијата 1000 во Торонто, откако во два сета со 6:4, 7:6 ја совлада Американката Коко Гоф.

Халеп пласманот во полуфиналето го обезбеди за 109 минути игра. Во првиот сет Халеп го направи решавачкиот брејк во петтиот гем.

Во вториот сет имаше по четири брејка на двете страни, па победникот беше решен во тај-брејк, во кој Романката беше убедлива и славеше со 7:2.

Халеп во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Американката Џесика Пегула и Јулија Путинцева од Казахстан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Следно

Дневен хороскоп за 13 август: Важно е да имате убедливи аргументи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian