Цетиње потресено по ужасниот настан, тридневна жалост во Црна Гора

1 min read

Владата на Црна Гора вечерва ќе прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во историската престолнина Цетиње.

Ова, како што пренесува РТЦГ, го напиша црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на својот канал на Телеграм.

„Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње”, напиша Абазовиќ во претходна објава на Телеграм.

Единаесет лица се убиени, меѓу кои и напаѓачот и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње.

Црногорските медиуми јавуваат дека извршителот на денешниот масакр во Цетиње е 34-годишниот Вучко Бориловиќ. Тој си го застрелал целото свое семејство, по што излегол на улица и пукал во случајни минувачи. Полицијата го уби.

Телеграф.рс јавува дека тој пукал од ловачка пушка, при што убил 10 лица. Дел од локалните медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации јавуваат дека меѓу убиените има и четири деца.

Полицијата потврди дека меѓу шестмината повредени е и еден полицаец. Од Ургентниот центар на КЦЦГ за ТВЦГ изјавија дека е примен маж со тешки повреди на главата и градниот кош. Тројца пациенти мор ле итно да бидат пренесени во операционата сала и повредите iим се доста сериозни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исламскиот совет на Британија и премиерот Џонсон го осудија нападот врз писателот Салман Ружди

Следно

Ангус Клауд: Лузната на главата ми е вистинска, го скршив черепот и едвај преживеав

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian