Зошто луѓето на старите фотографии речиси никогаш не се насмеани?

2 mins read

Ако некогаш сте погледнале стари фотографии, можеби сте забележале дека на тие фотографии никој никогаш не се смее. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?

Можеби мислите дека тоа е затоа што времињата биле тешки и немало многу причини за смеење. Луѓето немале доволно финансиски средства, светот бил на раб на глобален конфликт и така натаму. Слично како денес, но тоа не ги спречува луѓето денес да се насмеат за фотографија. Сепак, постојат неколку добри причини зошто луѓето не се насмевнати на старите фотографии, а ги објасни тиктокерот Дилан Пејџ, кој го следат над милион луѓе.

Првата причина е што луѓето не сакале фотографија. Тие се плашеле од фотографии бидејќи тоа било нова технологија што навистина не ја разбирале и веројатно им се чинела како да одат на стоматолог. Исто така, стандардите за убавина биле многу поразилни, а малата уста била посакуван атрибут.

Ова нè доведува до вториот проблем – хигиената на забите не била на највисоко ниво, па не е чудно што луѓето не сакале на нивните фотографии да се гледаат расипани заби. Освен тоа, широката насмевка во тоа време се сметала за симптом на лудило, додека стоењето во место и без емоции воопшто не било чудно.

@dylan.pageMmm love a small mouth🤤

♬ original sound – Dylan Page

Многумина се фотографирале само еднаш во животот

Една од причините е што фотографирањето порано било многу побавен процес и можело да трае до 15 минути, па константното смеење можело да стане болно и заморно. Исто така, за многумина фотографијата била нешто што го доживеале само еднаш. Луѓето од старите фотографии, на пример оние од 19 век, многу сериозно ја сфаќале фотографијата, а тој став се манифестирал и на фотографијата.

Тоа не било нешто што се случувало секој ден, како што е денес. Позирањето пред камера, всушност, на многу начини било слично на позирањето пред платно на сликар. Станувало збор за нешто сериозно, ретко и посебно, а се чини дека токму тоа се причините поради кои најраните и подоцнежните фотопортрети се главно сериозни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

До крајот на неделата се очекува разрешница со првиот суспектен случај на мајмунски сипаници во Македонија

Следно

Трамп повеќе од 440 пати се повикал на уставното право да не дава одговор на обвинителството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian